Грузија заплени камион полн со експлозив: „Украина сака втор фронт со нас“

Премиерот на Грузија денеска ја обвини Украина дека се обидува да ја прошири војната во неговата земја, откако властите запленија камион полн со експлозиви на пат кон Русија. Грузиската служба за безбедност вчера запленила илегална пратка со експлозив што требало да оди во рускиот град Воронеж, скриена во акумулатори на автомобили. Товарот пристигнал по копнен пат од Украина преку Романија, Бугарија и Турција.

Инцидентот потсетува на експлозијата на мостот на Крим во октомври 2022 година, за која Москва го обвинува Киев. Камион испратен од Украина потоа експлодирал на мост откако стигнал до окупираниот полуостров преку долга рута низ трети земји.

„Ова уште еднаш го потврдува она што, во принцип, високи функционери на украинската влада велат дека го сакале и веројатно сè уште го сакаат: втор фронт во нашата земја“, рече вршителот на должноста премиер на Грузија Иракли Кобахидзе.

Украинската амбасада во земјата соопшти дека ќе ги испита наводите на грузиските безбедносни служби за „учество на украински граѓани во незаконски активности“ и го повика Тбилиси да не го политизира случајот.

06.02.2024 - 20:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега