Фингерпринтот и фотографирањето ќе бидат задолжителни - Новите правила за влез во ЕУ почнуваат од 12 октомври

 


Системот за влез/излез на ЕУ започнува со постепена примена од 12 октомври. Ова е мерка што се презема за зајакнување на безбедноста на сите влезни точки на ЕУ. Ќе биде постепена, но и ќе го олесни процесот на влез во ЕУ, изјави денеска евроамбасадорот Михалис Рокас.

Во пракса, како што појасни Рокас, тоа значи дека граѓани од трети земји ќе треба еднаш да се регистрираат со фингерпринт и фотографии, но откако ова еднаш ќе се направи, следниот влез ќе може да се користи автоматскиот влез на аеродромите и тн.

Рокас, исто така, нагласи другиот систем ЕТИАС,  не е ист и не треба да создава конфузија со системот за влез/излез и дека за него ќе има навремена информација за неговата имплементација.

11.09.2025 - 10:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега