Хаос во Австралија: Се судрија два хеликоптери - четири лица загинаа

Четири лица загинаа, а три се тешко повредени при судар на два хеликоптери денеска во близина на морски парк во австралиската држава Квинсленд, соопшти тамошната полиција.

Судирот се случил веднаш над тематскиот парк на северната плажа на Голд Коуст, популарна туристичка дестинација во Квинсленд, околу 14 часот по локално време, кога забавниот парк бил полн со семејства кои уживале во летните училишни одмори, пишува Sky News.

Едниот хеликоптер се урнал, а другиот успеал безбедно да слета, се наведува во соопштението на полицијата во австралиската држава Квинсленд.

На 13 пациенти им биле проценети повредите здобиени во несреќата, соопшти службата за брза помош во Квинсленд.

Австралиското биро за безбедност на транспортот ја истражува несреќата, соопштија властите.

Регионот Голд Коуст е најпосетуван во јануари, што е сезона на летни одмори во Австралија.

02.01.2023 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега