Хоџа: Ќе гласаме против Владата, па потоа може да разговараме со СДСМ

Целта на БЕСА е да ја дефакторизира ДУИ, вели генералниот секретар на партијата, Аријанит Хоџа. Тој во изјава за Алсат рече дека Заев е еден од луѓето кои најмногу се жртвувал на патувањето на Северна Македонија во евроатлантските процеси.

Хоџа вели дека ако в четврток не успеат да изгласаат недоверба на Владата, БЕСА секако ќе излезе од владејачката коалиција.

Според него, проблемот на БЕСА не е СДСМ, туку целта е власта да се тргне од рацете на ДУИ.

-Во рушењето на Владата, во чекорот што е депониран во Собранието, ќе учествуваат нашите пратеници. Што ќе биде потоа одлучуваат партиските органи. Не ги затворам опциите дека во иднина ќе можеме да разговараме со СДСМ, ниту со премиерот Зоран Заев, за кој морам да кажам дека е еден од луѓето што најмногу се жртвуваше на патувањето на Северна Македонија во евро-атлантските процеси, рече Хоџа.

Партиите кои ја потпишаа иницијативата за недоверба на Владата не разговарале околу понатамошните чекори, вели тој.

-Едноставно, заеднички интерес е рушење на Владата. Ние да ги дефакторизираме ДУИ, а тие да ја урнат власта. Тоа е првиот чекор што треба да го направиме. Како ќе се преземат следните чекори, дали ќе има нов мандатар кој ќе дојде да не контактира за да разговараме во широки рамки за принципите како ќе функционира Владата, дали ќе има техничка влада или ќе има брзи избори. е прашање за кое ќе се разговара по четврток, кога ќе има гласање за недоверба, вели Хоџа.

09.11.2021 - 17:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега