Хорор во Германија: Избодени две деца во близина на основно училиште


Две деца на возраст од 9 и 10 години се избодени денеска во близина на основно училиште во Дисбург – Маркслох, пренесува „Билд“.

Тие биле избодени и тешко ранети од 21-годишен маж.

На местото на настанот веднаш биле испратени медицински екипи и полиција по повик на наставникот.

Како што пишува „Билд“, според првите извештаи од местото на настанот, биле нападнати кога се враќале дома од католичко основно училиште.

Напаѓачот набргу по нападот бил уапсен, а мотивот сè уште не е јасен.

Жртвите на нападот, момче и девојче, се пренесени во болница.

28.02.2024 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега