Хорор во Лисабон: Напад со нож во муслимански центар, убиени две лица

 

Најмалку две лица загинаа во напад на исламистички центар во Лисабон, соопшти португалската полиција, без да даде повеќе детали.

„Си-ен-ен Португалија“ објави дека осомничениот за тој напад е наводно авганистански државјанин, кој нападот го извршил со голем нож, а потоа бил застрелан и приведен.

„Главната цел на исламистичките центри е да поттикнат меѓусебна соработка и разбирање меѓу народите, заедниците и религиите“, се наведува на нивната веб-страница.

Шиитските муслимани се заедница на етнички и културно различни народи, кои живеат во повеќе од 25 земји во светот.

28.03.2023 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега