Хорор во Сиднеј: Четворица мртви и многу повредени во масовно прободување со нож во трговски центар


Стотици луѓе се евакуирани од трговски центар во Сиднеј по масовно прободување со нож. Најмалку четири лица загинаа, а неколку се ранети, објави „news.com.au“.

Според непотврдени информации напаѓачот бил застрелан.

Во тек е полициска операција во прометниот трговски центар во близина на плажата Бонди поради сомневање за прободување на повеќе лица, се вели во извештајот.

Двајца сведоци изјавија за Ројтерс дека се слушнале истрели.

Државната полиција на Нов Јужен Велс соопшти дека полициската операција е во тек, но не соопшти повеќе детали.

13.04.2024 - 10:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега