И денес зголем број на деца кои се вакцинираат – пунктовите работат и во сабота

 

И денеска е зголем бројот на деца кои се вакцинираат на пунктовите во Скопје.

 

Само утрово во скопската поликлиника „Букурешт“ се вакцинирани 50тина деца. Во текот на вчерашниот биле вакцинирани 130 деца.

 

Лекарите велат дека откако Комисијата за заразни заболувања, поради ширење на големата кашлица, препорача градинките да не примаат невакцинирани или целоосно невакцирани деца, бројот на деца кои се носат на вакцинација е значително зголемен.

 

Бројот на заразени со голема кашлица се зголемува поради што комисијата побара прогласување на епидемија на територија на град Скопје.

 

10.02.2024 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега