И ДУИ и Вреди се распаѓаат

 

И Фронтот на ДУИ и Вреди „се распаѓаат“, ако ги читате соопштенијата кои си ги разменуваат двете партии

Во рок од два дена коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ остана без два значајни партнери, објавија од Вреди.

На 14 август Турската партија (ДПТ) официјално објави дека ја напушта коалицијата и дека на локалните избори на 19 октомври нема да настапи заедно со ДУИ. Со тоа, турската заедница, која во март 2024 година влезе во фронтот предводен од Али Ахмети, сега избра самостоен политички пат.

Само еден ден подоцна, на 15 август, и Демократската партија на Албанците (ДПА) соопшти дека преговорите со ДУИ пропаднале и дека нема да настапи во заеднички аранжман.

Со ваквите развои, дел од аналитичарите оценуваат дека „Европскиот фронт“, замислен како обединувачка платформа на парламентарните избори, пред локалните избори се соочува со сериозно слабеење на поддршката, коментираат од Вреди.

Од ДУИ пак реагираа со соопштение во кое обвинија дека движењето ВРЕДИ се „распаѓа пред очите на јавноста“ и дека, како што велат, станало „политички експеримент без идеја и визија“. Според партијата на Али Ахмети, „Националната алијанса за интеграција“ останува цврста и обединета, а на октомвриските избори ќе се покаже како вистинска сила која, како што велат, ќе ја добие довербата на албанските гласачи.

18.08.2025 - 10:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега