Илиев од Кочани: Вложивме три милиони евра во туризмот, сега ќе инвестирме ски-центар на Царев врв

Кочани ја има најдобрата понуда за одржлив развој, а со реализираните капитални проекти обезбедивме огромна предност пред противникот, кажа кандидатот за градоначалник од СДСМ, Николчо Илиев на партиската трибина во градот.

-Изградивме над 60 улици, нова градинка, планинарски дом, мултикултурен центар и финансиски чесно и одговорно ја водевме општината. Затоа ќе ја добиеме поддршката за да продолжиме со решавање на проблемите, рече Илиев.

Тој најави дека подеднакво ќе вложува во градот и околните населени места, затоа што силни села значат и силна општина, а воедно додаде дека општината ќе продолжи да испорачува редовни социјални услуги и да вложува во спортот, здравјето и културата.

-Изградивме градинка, но сега ќе градиме дом за стари лица. Досега вложивме три милиони евра во туризмот, а сега ќе градиме ски центар на Царев врв. Проектираме во градот и катна гаража, мост, нови патеки. Покажавме дека општината може да биде ликвидна и ми е драго што ние бевме првата општина што се раздолжи, рече Илиев.

08.10.2021 - 21:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега