Инцидент пред старата Градска болница: Прегазил дете, па таткото го претепал возачот- интервенирала и полицијата (ВИДЕО)

Инцидент вечерва пред болницата за хируршки болести Св.Наум Охридски во центарот на Скопје во кој интервенираше и полицијата и приведе и неколку лица.

Од МВР информираат дека била повикана полиција поради инцидент во кој учествувале членови на семејства и роднини, предизвикале сообраќајна несреќа во која било повредено дете.

Како што неофицијално дознава Фактор, тепачката настанала откако било со автомобил прегазено дете.

Но, таткото на детето почнал да го тепа човекот што го прегазил.  Тоа било причина во болници да заврши и детето, но и оној што го прегазил, бидејќи и тој бил повреден, дознава порталот.

-Настанала општа тепачка, откако пријатели на оној што го прегазил детето дошле да се пресметаат со неговиот татко кој физички го нападнал. Тепачката се префрлила и во Градска болница. Затоа морале да интервенираат и медицински екипи. Дошле и Алфи, но разјарената група фрлала со камења и по нив, објави Фактор.

По сите овие настани таткото на детото е приведен.

Возачот што го удрил детето, заедно со детето се задржани во Градска болница на иследување, велат извори на Фактор.

Детето не е во животно загрозувачка состојба и е надвор од животна опасност. Не е повреден никој од персоналот на болницата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.08.2020 - 22:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега