Индонезиец се развел по само неколку дена брак бидејќи дознал дека сопругата всушност е маж

Индонезиските медиумите јавуваат за бизарен случај во кој 31-годишен маж се венчал со жена која ја запознал на интернет, а само неколку дена по венчавката дознал дека таа всушност е маж; пренесува хрватски Индекс.

Двајцата се запознале преку Фејсбук пред неколку месеци. Откако се впуштиле во романтична врска онлајн, одлучиле да се запознаат и да оформат семејство.

Тие се венчале на 2 јуни. „25-годишната жена“ на свадбата го прекрила лицето, па никому не му изгледала сомнително зашто зошто имала вел преку лицето, што е традиција во Индонезија. На нивната венчавка имало верски претставници од целиот регион, а никој не се посомневал во полот на сопругата.

Работите тргнале во спротивна насока откако Мух (измислено име кое му е дадено на мажот со цел да се заштити неговиот идентитет) останал разочаран бидејќи сопругата не сакала да има односи на првата брачна ноќ. Но кога тоа се повторило и следните денови, тој почнал да се сомнева дека нешто не е в ред.

Мух почнал да истражува и се шокирал откако дознал дека таа всушност е маж. Не е јасно како точно дознал дека станува збор за машко, но кога се вратил дома за да се соочи, таа, односно тој веќе заминал.

Случајот го пријавил во полиција, а 25-годишниот маж, чие вистинско име е Ади за кратко бил пронајден. Сѐ уште е нејасно каква казна ќе добие со оглед на строгите закони во оваа држава.

12.06.2020 - 23:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега