Инспектори растуриле свадба во Струга: „Колнеа и пцуеја, но направивме записник и ќе поднесеме кривична пријава“

Пазарните инспектори упаднале на свадба во Струга која ја растуриле, а за угостителот во чиј објект се одржала поднеле кривична пријава и парично го казниле. За време на постапувањето, инспекторите биле пцуени и колнети, но не подлегнале на притисокот, вели директорот на инспекцијата, Стојко Пауновски за „А1он“. Тој тврди дека инспекторите не се плашат и ќе постапуваат, без разлика за чиј објект станува збор или во кој град.

„Угостителот бил предупреден претходно. Кога вчера била затекната свадбата, организаторот велел дека имал притисок од тие што ја правеле свадбата и не можел да одбие, за таа да не се одржи. Но, и ние мораме да постапуваме. Инспекторите ја растуриле и ќе поднесеме кривична пријава. Имало пцуење, колнење, но ако некој ни дал задача да превенираме и да постапуваме, тоа ќе го правиме. Имало објаснување од свадбарите дека се дојдени од странство, дека никој не им дал информација дека не смеат да се одржуваат свадби, а тие морале да ја направат веселбата. Газдите на објектот каде се одржала свадбата објасниле дека имале линк во Комисијата за заразни болести од каде им рекле дека после ‘Илинден’ ќе можат да се одржуваат свадби и така си испланирале. Но, ѓаволот ни ора, ни копа. Сите ги откажале, освен оваа“, вели Пауновски за „А1он“.

Директорот на Пазарниот инспекторат вели дека најчесто имаат закани и притисоци од објекти чии сопственици имаат државни функции.

Освен на вчерашната свадба, инспекторите во Струга постапиле и во друг локал каде не се почитувале мерките за заштита од коронавирусот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.08.2020 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа