Исклучувања: Утре без струја повеќе делови на Скопје

Заради планирани закажани технички зафати во електродистрибутивната мрежа утре без струја ќе бидат делови од Град Скопје и неговата околина.

Како што соопшти РЦУК, во период од 09:30 до 10:30 часот без струја ќе бидат домаќинствата на потегот од гробиштата во Бутел кон улиците „Гвадалахара“, „Јуриј Розентал“, „Плачковица“ во општина Шуто Оризари.

Во период, пак, од 07:55 до 15:30 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од Визбегово: ул. „Стар Качанички Пат“ (Хасан Приштина) од бензиска Макпетрол до Еуромак Азија, Дел од индустриската зона Визбегово, ул. „2“ Визбегово во реонот кај потрошувачите Стеком, Алпос, Дамекс, Суниленс, Елит софа салон за мебел, Јавордрво Скупи, Камел солар, Аликас, Алфа ТВ, Фитофарм, БКС Компани, Лето фоодс, Копенс Интернационал, Мега Ауто Партс, Еуро Лек, Еуро Грандс, Артинг и др. во општина Бутел.

Без струја во период од 09.15 до 12:30 часот ќе бидат корисниците од Орешани, дел од објектите во потегот помеѓу Орешани и Зелениково во општина Зелениково, а во период од 11.00 до 12.30 часот корисниците Скопје – Кисела Вода: дел од ул. „Франк Харткорт Манинг“, дел од ул. „Ѓорѓи Димитров“, зграда и објекти околу Тинекс, ул. „14 Декември“ бр.1 и 3, ОУ„Круме Кепески“, сите во општиа Кисела Вода.

Според РЦУК, без струја во период од 11:00-12:00 часот ќе бидат корисниците на дел од село Горно Нерези, во општина Карпош

06.12.2021 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега