Иско си оди од Реал, следна дестинација Милан

Франсиско Роман Аларкон, во фудбалскиот свет познат како Иско, по завршувањето на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид. Иско, кој беше во втор план кај Зинедин Зидан, истиот третман го има и кај Карло Анчелоти на почетокот на сезоната.

Иско нема иднина во Реал, подготвен е како слободен играч, наредното лето да замине од Мадрид.

Според шпанските медиуми, тој во јануарскиот преоден рок ќе ги слушне понудите од заинтересираните клубови.

Наводно, кариерата ќе ја продолжи во Милан. Извори блиски до фудбалерот откриле дека Милан ќе му понуди плата од 10 милиони евра и што е за Иско најважно ќе има гарантирани место во тимот.

Иско, во 2013 година од Малага се пресели во реал за 30 милиони евра. За „кралскиот клуб“, има одиграни 339 натпревари, постигнал 51 гол.

Макфакс

16.09.2021 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега