Итна изолација за 80.000 жители: Избувна пожар во складиште за хемикалии во Шпанија

 


Шпанските власти во Алкала де Гуадаира наредија итна изолација на 80.000 жители поради голем пожар во складиште за хемикалии.

Според итните служби, сите работници од компанијата „Плаинсур“ се евакуирани и засега нема информации за повредени.

Пожарот зафатил околу 1.000 квадратни метри каде се чувале хемиски разредувачи, а екипи од повеќе провинции работат на негово гаснење, објавија шпанските медиуми.

14.05.2025 - 16:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега