Изби пожар кај фотонапонската електрана „Осломеј“ пред да дојде премиерот

Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски денеска треба да ја посети фотонапонската електрана „Осломеј“, меѓутоа изби пожар во трансформаторската станица. 

Не се објавени дополнителни детали за пожарот, односно не е позната причината, меѓутоа огнот е изгаснат.

Премиерот Ковачевски денеска заедно со министерот за Економија, Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски треба да ја посетата електраната.

06.04.2022 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега