Избодел две крави на својот брат - приведен старец од гостиварско

 

72-годишен жител на гостиварско село бил приведен од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар, откако бил пријавен дека со остар предмет повредил две крави кои му припаѓале на неговиот 62-годишен брат, информираа денеска од СВР Тетово.

Инцидентот се случил на 3 јуни, а според информациите од полицијата, една од кравите подлегнала на повредите.

„По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од СВР Тетово.

Не се наведени детали околу мотивите за делото, но случајот предизвика вознемиреност кај мештаните.

04.06.2025 - 19:57

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега