Митева: Кабинетот на Мицкоски е во континуирана комуникација со семејствата на настраданите во пожарот

 

Портпаролката на Владата, Марија Митева, денеска во рамки на трибината „Кочани е нашиот приоритет“, посочи дека лица од Кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски се во континуирана комуникација со семејствата на оние кои загубија најблиски во трагедијата во Кочани.

Прашана дали има најава кога премиерот ќе оди во Кочани, Митева, рече дека од тоа што го знае тој веќе имал средба со дел на семејствата и има некоја договорена динамика за средби.

-Верувам и дека при интерес за средба таму, се надевам дека ќе бидеме и достапни и ќе биде информирана јавноста веднаш кога тоа ќе се случи. Меѓутоа мора да потенцирам дека има динамика на средби со семејствата, која се остварува, но поради нивно барање тоа не е јавно објавено, изјави Митева.

05.06.2025 - 20:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега