Пензионер оди зад решетки: Дома си одгледувал марихуана

 

СВР Струмица - ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против Т.К.(65) од село Стојаково, општина Богданци.

Како што информира МВР, вчера врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија извршиле претрес во домот и дворното место на Т.К. во село Стојаково.  Притоа биле пронајдени 56 стебла марихуана со висина до 2,80 метри, марихуана, семки од канабис, дробилка со остатоци од марихуана и другои предмети со остатоци од марихуана.

Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија и било изведено пред судија од Основен суд Гевгелија, кој му определил мерка притвор

05.08.2025 - 11:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега