Шумски пожар беснее во Франција, најголем во последните 80 години

 

Едно лице загина, а тројца се водат како исчезнати по голем шумски пожар што го зафати јужниот дел на Франција.

Најмалку 25 куќи беа изгорени, околу 2.500 домаќинства беа без електрична енергија, а илјадници луѓе мораа да бидат евакуирани.

Повеќе од 1.800 пожарникари се обидуваат да го локализираат најголемиот шумски пожар во земјата во последните 80 години.

Пожарот избувна на 5 август во близина на селото Ла Рибо во регионот Од и досега изгореa повеќе од 16.000 хектари – површина поголема од Париз.

07.08.2025 - 20:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега