Јакимовски: Има гужва пред скапите продавници, вмровците ќе купувале нови одела за министерските функции

 

Многу вмровци купувале нови одела за функциите кои што ги очекуваат, министри, заменици, директори, советници итн, напиша на социјалните мрежи лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски во врска со последните изјави од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени и можен влез во власта.

„Ми кажаа дека имало многу голема гужва во продавниците на „Hugo Boss“ и „Pierre Cardin“.

Многу вмровци купувале нови одела за функциите кои што ги очекуваат, министри, заменици, директори, советници итн.

Да бидат спремни сосе машна и марамче во џебот.

Не е дека до сега немале одела, но им биле широки зошто ослабнале од опозициско постење“, пишува Јакимовски во својата објава.

 

09.06.2023 - 19:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега