Јаневска: 19 дена пред почетокот на учебната година Царовска сѐ уште нема модел за настава

На 19 дена пред почеток на учебната година министерката Мила Царовска, сѐ уште размислува за „сценарио“ односно за моделот за изведување на наставата од можни 3 одобрени на Влада. Едно од нив е учениците да посетуваат физичка настава, а дел да следат настава онлајн. Тоа е истиот модел, истото како и минатата година кој заврши успешно со тоа што наставата се одвивала по распоред, изјави на прес-конференција Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не е прикажан ниту еден нов учебник за прво и четврто одделение според новата Концепција за реформи во основното образование. Не видовме како би изгледал во форма на печатен учебник, односно фотокопија, ниту видовме барем еден изготвен дигитален учебник. За дигитални учебници воопшто не станува збор“ нагласи Јаневска.

Бидејќи платформа за подршка на дигиталните учебници нема, според Јаневска, новата иновација на министерката е дека наставниците ќе ги спуштат дигиталните учебници, кои ги нема, на уредите на учениците и ќе ги обучат и учениците и родителите за користење на дигитални учебници.

„ Електронски уреди за следење на наставата исто така нема, ниту за учениците од прво и четврто одделение, ниту за останатите од ранливите групи кои минатата година останаа без уреди. Учебници за останатите одделенија кои не се по новата Концепција исто така нема. Учебници за средните стручни училишта исто така нема. На 19 дена пред почеток на учебната година свидителствата уште не се напишани и најверијатно ќе се пишуваат во последен момент во време кога бројките на заразени од коронавирусот забрзано растат“ рече Јаневска.

Таа додаде дека се јавува оправдан сомнеж дека е можно да се оствари едно единствено сценарио, а тоа, како што рече таа, е учебната година повторно, како и лани да почне со еден месец задоцнување. Или, можеби ќе почне по секоја цена, без учебници, без дигитални уреди, без подготвени наставници, само колку да почне без оглед на реалната состојба, заклучи Јаневска.

12.08.2021 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега