Јанушев: 40 проценти од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат жени

Овде во Свети Николе продолжуваме со средба со граѓаните и со партиските активности, кажа генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев на средбата со УЖ.

„Остваривме средба со Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ која што е секогаш со нас рамо до рамо ја водиме оваа битка против оваа криминално рекетарска власт.

Исто така сакам да ги поздравам Унијата на млади сили, нашите најмлади но и најактивни членови во партијата кои што се секогаш тука заеднички сплотени да се избориме во оваа битка за Македонија.

Она што сакам да го соопштам а што веќе го разговаравме и со членките на Унијата на жени она што планираме како ВМРО-ДПМНЕ во следните 4 години предводејќи ја владата да го направиме во однос на родовата еднаквост и затоа најавуваме дека 40 проценти од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат жени.

Ќе се бориме буквално на секое поле, посебен акцент ќе ставиме на семејното насилство односно искоренување на семејното насилство и донесување на жената на она место кое што навистина го заслужува во општеството. Жената пред се е сестра, мајка, така што мора да продолжиме да работиме на ова поле.

Исто така ќе обрнеме особено внимание на жената земјоделец кое што е многу сериозно прашање особено во Свети Николе и светиниколско бидејќи земјоделието е една од главните гранки од што живее овој наш трудољубив народ. 

Да не ја заборавиме и поддршката која што ќе ја дадеме во спортот. Тука сме знаеме како и гласајте за број 14 за 14 пратеници во изборната единица 3“, кажа Јанушев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2020 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа