Гори кај Блаце, во Прилеп, Македонски Брод, Чашка - Пожарникарите со полни раце работа

 


Пожар на патот кон граничниот премин Блаце, гори сува трева и пожарот се движи кон шума, соопшти Центарот за управување со кризи. 

Екипи од БППЗ на Град Скопје веќе се пристигнати на самото место каде што се наоѓаат  и припадници на полицијата, а известени се и ЕЛС Чучер Сандево и ЈП Караџица.

ЦУК информира дека до 13 часот низ државава се евидентирани четири  активни пожари на отворен простор и еден локализиран.

Активни се пожарите во прилепското село Бешиште, каде што гори приземна квалитетна мешана шума, ниска вегетација е опожарена кај гробиштата Прилеп, активен е пожарот во село Црешнево, место викано Церо Поле во општина Македонски Брод, каде што е зафатена деградирана дабова шума и грмушки, и пожарот во општина Чашка – под Солунска Глава, помеѓу местата Изворите на Бабуна и Бабина Дупка - шумски пожар, без активен пламен, има чад на карпест терен.

Локализираниот е пожар на депонија во Делчево.

06.07.2025 - 16:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега