Скопјанец пронајден починат во водите на Охридското Езеро
Вчера во 18.21 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во водите на Охридското езеро кај плажата од Извидничкиот центар во Охрид, било забележано безживотно машко тело.
Од извршениот увид, констатирано е дека се работи за лицето М.Ј.(70) од Скопје а смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош.
06.07.2025 - 13:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа