Македонец загина во Бугарија - автомобил удрил во гости во ресторан

 


Ноќеска околу 01:36 часот, на бројот 112 е примена дојава за трагичен инцидент на улицата Гранчарска во Разград, Бугарија. Полицијата утврдила дека 19-годишен возач, управувајќи го автомобилот на својот татко, ја изгубил контролата врз возилото и удрил во гости во ресторан.

За жал, тројца мажи на возраст од 58, 62 и 64 години починале на местото на настанот. Меѓу загинатите е и 58-годишен маж, државјанин на Македонија, кој имал постојано живеалиште во Бугарија.

Возачот бил тестиран за алкохол и дрога, при што резултатите биле негативни. Сепак, земени се дополнителни примероци од крв и урина за детална хемиска анализа.

За случајот е известено обвинителството, кое веднаш покренало предистражна постапка. Обвинителството веќе објави дека подигнале обвинение против младиот возач и ќе побараат изрекување на најстрогата превентивна мерка – „притвор“.

06.07.2025 - 14:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега