Јанушев: Се обврзуваме на инфраструктурен развој и 1.000 км патишта

Само држава со развиена инфраструктурна мрежа може да се надева на засилен економски раст, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„Се обврзуваме на  реконструкција на сите државни патишта, дополнително ќе ја завршиме изградбата на експресниот пат Штип – Кочани и Штип – Радовиш кои беа почнати во време на  претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. 

Во делот североистокот од Ранковце  до Крива Паланка ќе изградиме исто така експресен пат што ќе значи заокружување на Коридорот 8 на делницата помеѓу Скопје и Софија. 

Ќе ја разгледаме можноста и за отворање на граничниот премин „Црна скала" и поврзување на Македонија со Бугарија преку нов граничен премин кај Делчево. 

Дополнително ќе го отвориме граничниот премин премин Клепало - Сандански со што Берово ќе добие директен линк со котлината на река Струма и автопатот Софија – Солун.

Градежната офанзива значи и реконструкција и рехабилитација на над 1.000 километри патишта, проект на кој се обврзуваме.  

Квалитетното железничко поврзување исто така ќе биде наш приоритет. Ќе ја завршиме пругата од Куманово до Деве Баир, но и ќе набавиме нови возови. 

Македонија ќе биде земја со развиена патна и железничка инфраструктура на ниво како и останатите земји од Европа“, кажа Јанушев.

Исправи се Македонијо! Одбери Обнова!

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.07.2020 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега