Јаулески на говорница го запали францускиот предлог

-После ова ако го изгласате ќе бидете запишани како гробарите на Македонија. Со Преспанскиот Договор го ископавте гробот а со овој т.н француски предлог сакате да го затрупате. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се отвори Уставот и истиот да се промени тоа да му биде јасно на секого. Ако отвориме Устав тоа е за да ве вметнеме вас од СДСМ како предавничка и антидржавна партија, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески на денешната Собраниска седица.

„Кога го слушав Бујар Османи дека овој француски предлог има реципроцитет, наеднаш си помислив дека Македонците ќе бидат впишани во бугарскиот Устав, дека бугарската држава ќе ги почитува пресудите на ЕСЧП и ќе ја регистрира „Омо Илинден Пирин“ организацијата на Македонците во Бугарија, дека во таблите на културно-историските споменици во Пиринска Македонија ќе има македонски ознаки, дека ќе има санкции за говор на омраза кон Македонците, рехабилитација и репарација на Македонците од Пиринска Македонија кои се измачувани од комунистичкиот режим во Бугарија после 1948 година па се денес, дека ќе се отворат архивите на државната безбедност на Бугарија и дека ќе се лустираат сите агенти кои ги кршеле основните човекови права на Македонците, дека ќе се отворат школи во кои Македонците ќе можат да учат на мајчин јазик“, кажа Јаулески.

Јаулески потенцираше дека овој договор немал никаков реципроцитет, и бил резултат на немање црвени линии, на виткање кичма.

На крајот од својот говор, пратеникот Јаулески го запали францускиот предлог.

14.07.2022 - 18:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега