Каевски: Ние спроведуваме реформи и затоа не може да има избори

Нашиот став околу прашањето за предвремени парламентарни избори е јасен, недвосмислен, конкретен. Парламентарни избори ќе има 2024 година, следните парламентарни избори ќе бидат редовни избори. Оваа Влада има полн легитимитет и во период што следи да ги сроведе сите реформи, сите процеси, сите проекти и сето она што значи добро за граѓаните, подобрување на стандардот на граѓаните, и токму во овие 2 и пол години има полн легитимитет да го стори сето тоа - вели пратеникот на СДСМ Дарко Каевски, одговарајќи на новинарско прашање.

„Во делот на калкулациите и во делот на сите оние лажни обвинувања и прифаќање на понудите, тоа е лицемерието коешто го има ВМРО-ДПМНЕ се со цел да издејствува да избоксува предвремени парламентарни избори коишто на граѓаните во моментот не им се потребни. На граѓаните не им се потребни предвремени парлментарни избори секоја година и со тоа значи дополнителни укочувања на процесите на системот, туку напротив потребно им е сето она за што се залагаме односно спроведување на владината програма, на мерките којшто значат подобар живот, којшто значат подобар стандард и којшто значат подобро справување и со енергетската и со здравствената, а притоа и со економската криза со којашто се соочува државата. “ - вели Каевски

20.01.2022 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа