Каевски: Просечната плата е 630 евра – веќе не сме евтина работа сила

 

Просечната плата СДСМ ја зголеми и веќе надмина 630 евра. Нашето ветување за просечна плата го надминавме. Во времето на ДПМНЕ, во 2016 година, просечната плата изнесувала 360 евра, изјави на прес-конференција, пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.

„За ДПМНЕ работниците беа само евтина работна сила, за СДСМ работниците и нивниот животен стандард се важни. Затоа минималната плата во времето на ДПМНЕ беше 9.000 денари а во некои области во текстилната и кожарската индустрија и помала. СДСМ ја зголеми минималната плата и денеска изнесува над 20.000 денари“, рече Каевски.

Како што додаде, ние не сме веќе земја со евтина работна сила, туку држава која го вреднува, почитува и цени трудот на сите работници.

Сите овие бројки, вели Каевски, потврдуваат дека СДСМ успеа да ја зголеми реалната куповна моќ на граѓаните и нивната благосостојба.

„Во октомври имаме раст на платите кое е за околу 5 пати поголем од растот на инфлацијата, што е мерлив доказ за тоа дека економските политики на Владата за повисоки и достоинствени плати и низата на мерки за намалување на инфлацијата даваат мерлив резултат“, вели Каевски.

Како што нагласи, повеќе за сите е и мерката за поголеми плати на работниците во приватниот сектор од 3.000 – 9.000 денари од новиот пакет антикризни мерки. Работодавачот ќе плаќа само персонален данок, а има целосно ослободување од придонесите за пензиско и здравствено осигурување за делот на зголемувањето на платата.

24.12.2023 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега