Мисајловски: Висок степен на реализација на плановите, одлични билатерални одбранбени односи со Грција
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари средба со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду, придружувана од досегашното одбранбено аташе, бригадниот генерал Константинос Самарас и новопоставеното аташе, полковникот Ставрос Манолис.
-Како две соседни земји, сојузници во НАТО за нас приоритет е стабилен, безбеден и сигурен регион, а заедничката посветеност кон јакнењето на одбранбената соработка го овозможува токму тоа. Благодарност до бригадниот генерал Самарас за исклучително плодната соработка изминатиот период. Високиот степен на реализација на Плановите за билатерална соработка, особено во доменот на заедничките обуки и вежби се доказ за одличните билатерални одбранбени односи. Соработуваме и во рамки на НАТО, но и во однос на заедничката безбедносна и одбранбена политика преку учеството на земјата во борбените групи на Европската Унија, особено мултинационалната борбена група HELBROC 2023/1, предводена од Грција, истакнува Мисајловски.
На полковникот Манолис, тој му посака искрено добредојде и му порача дека се одлучни во континуираниот развој на одбранбената соработка со Грција, сега и во иднина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа