Касами: Можно е министерството за здравство да го земе ВМРО-ДПМНЕ

 

Можно е ВМРО-ДПМНЕ да го даде новиот министер за здравство а кадар на Вреди да раководи со образование, вели  Лидерот на Беса Билал Касами. Тој изјави дека во Владата имало разговори какви комбинаторики да се направат во однос на министерските места што би се испразниле со заминувањето на АА и Арбен Таравари во опозиција. Таравари, кој е министер за здравство, вечерва најави дека тој и АА излегуваат од Владата и дека преминуваат во опзиција.

Касами, кој е еден од лидерите во Влен, дел од владејачката коалиција, во интервју за „360 степени“ рече дека не ја исклучува можноста Влен да го даде Министерството за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, а за возврат да добие друг ресор. Неофицијално, според „360 степени“ се разгледува можноста ресорот образование да му припадне на Влен, а со здравството да раководи кадар на ВМРО-ДПМНЕ

 Ние со премиерот, односно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, преговаравме како ВЛЕН и договорот е меѓу ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ за составување на Владата. На последните средби со премиерот уште еднаш е потврдено дека остануваме на истите заложби. Значи, договорот останува меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН и остануваат сигурни позициите на ВЛЕН, рече Касами.

 

 

13.05.2025 - 10:09

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега