Таткото на Фросина скршен по пресудата: „Судот мафија"

 

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска е изречена пресуда за Васил Јованов кој ја прегази младата модна дизајнерка Фросина Кулакова, на булеварот Партизански Одреди, кај Силбо во Скопје. Тој ќе одлежи 12 години затвор за делото, а му се пресметува и времето поминато во притвор.

Семејството  на Фросина кое со солзи ја слушаше пресудата за Васил Јованов кој е роден 2004, кај кој постои чувство на вина и презема лична одговорност за прегазувањето на Фросина, кој е прогласен за виновен и ќе одлежи затвор во траење од 12 години, збесна по пресудата.

Таткото на Фросина, Тодор Кулаков, стана од столот и викна „Судот Мафија" по пресудата, по што ја напушти судницата.

- Седнал зад воланот под дејство на алкохол, со брзина поголема од дозволената, развил брзина од 91 км. на час, и на запалено црвено светло без возачка дозвола, на пешачки премин удрил пешак кој се движел прописно, рече судијата на денешното рочиште за обвинетиот Васил.

Според обвинението, на 29 јануари годинава, Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место. 

 

13.05.2025 - 10:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега