Касами: ВМРО-ДПМНЕ бара 60 плус мандати од македонските гласачи, јас барам 20 плус од албанските

 

Лидерот на БЕСА Биљал Касами вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 побара од албанските гласачи 20 и повеќе пратеници на следните избори, и порача „да не се грижат за ништо“.

„Доколку ВМРО ДПМНЕ бара 60 плус пратеници од македонските граѓани за да не мора да се соочи со Албанците или да им избега за обврските кои се пред нас, а тоа се уставните измени и преговорите со ЕУ, тогаш и јас велам, нека ни дадат албанските гласачи 20 и повеќе пратеници и не мора да се грижат за ништо, ни за нивните права, ни за европскиот пат на државата“, изјави Касами.

13.02.2024 - 23:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега