Кавадарци: Мојот дечко ја силуваше ќерка ми

38 годишна жена од Кавадарци пријавила дека нејзиниот дечко ја силувал ќерка и.

- Синоќа во 21.00 часот во ОВР Кавадарци, 38-годишна кавадарчанка пријавила дека на почетокот на месец март, врз нејзината малолетна ќерка било извршено полово дејствие, од лице со кое била во љубовна врска и кое било полнолетно. За настанот известен бил јавен обвинител и Центарот за социјални работи Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од СВР Велес

10.04.2024 - 10:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега