Кејт и Меган снимени една до друга на погребот, со нив биле принцот Џорџ и принцезата Шарлот

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, и војвотката од Сасекс, Меган Маркл, беа видени со принцот Џорџ и принцезата Шарлот на погребот на кралицата Елизабета Втора.

Децата и сопругата на принцот од Велс му се придружија на принцот Вилијам додека тој одеше зад ковчегот на својата баба.

Пред богослужбата, принцезата од Велс, Кетрин Мидлтон, како што бараше од сега да ја нарекуваат во Бакингемската палата, беше видена како ја држи Шарлот за рака и ѝ дава охрабрувачки тапкања по рамото, пренесува „Скај њуз“.

Додека младите членови на кралското семејство одеа зад ковчегот на нивната прабаба, Шарлот ги држеше преклопени рацете пред себе, а Џорџ ги држеше своите раце покрај телото.

Меган Маркл, војвотката од Сасекс, беше фотографирана со нив и со Кејт Мидлтон во Вестминстерската опатија.

20.09.2022 - 23:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега