Кинескиот министер за надворешни работи: За да се реши украинското прашање мора да се вратиме на договорите од Минск

За да се решат проблемите во Украина, неопходно е сите да ги почитуваат договорите од Минск, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, за време на телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, пренесува РИА Новости.

„За да се реши украинското прашање мора да се вратиме на договорите од Минск, тоа е почетната точка“, рече Ванг Ји.

Ванг Ји посочи дека договорите од Минск кои ги одобри Советот за безбедност на ОН се фундаментален политички документ кој го признаваат сите страни и дека мора да се спроведуваат во пракса. Кина ќе ги „поддржи сите напори“ кои се во согласност со духот на овие договори, рече тој.

Русија постојано ги отфрла обвинувањата на Западот и Украина за „агресивни дејствија“, велејќи дека никому не се заканува и нема намера никого да нападне и дека обвинувањата за „агресија“ се користат како изговор за распоредување војници на НАТО на границите на Русија.

Во исто време, Киев и западните земји неодамна изразија загриженост поради наводните „агресивни акции“ на Русија во близина на границите на Украина. Кремљ објави дека Русија преместува војници на своја територија и по сопствена дискреција, што не претставува закана за никого.

Како што претходно изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, Русија не бара никакви изговори за конфликтот во Украина. Според него, Русија не исклучува дека хистеријата околу Украина, која ја подгрева Западот, има за цел да ја прикрие саботажата на договорите од Минск од страна на Киев

27.01.2022 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа