Клековски за РСЕ: Обвинението за Онкологија е порака за целото здравство

 

Клиниката за онкологија доби историски голем буџет, два пати поголем и финансиите повеќе не можат да бидат проблем. Пред неколку месеци, при транзитот од една година во друга година, се случи привремен прекин, меѓутоа тој беше надминат со итна набавка на лекови, вели во интервју за РСЕ директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски.

-Оно што сега во моментот се случува како недостаток на лекови е исклучиво заради дистрибутерски дефект, односно каде што дистрибутерите не можат да го испорачаат лекот. Значи, ние не сме изолирани, независен сад, ако е прекинато производството во содветната фабрика и го нема достапен лекот, најчесто се обидува да се позајми лекот од каде го има на залиха, меѓутоа некогаш го нема никаде така да се случуваат превремени дефектури. Во моментот нема ни еден лек кој недостасува, а за кој нема замена, бидејќи во основа клиниката се труди да пациентите бидат покриени цело време.

Очигледно, лековите и натаму тешко стигнуваат до пациентите.

Не би можел да се согласам. Значи, ова година обезбедени се лекови за сите пациенти со цистична фиброза. Утре ке презентираме за мултипла склероза се обезбедени рекордни средства и ке бидат покриени сите пациенти со мултипла склероза, на клиниката за гастро исто така покриени се многу поголеми количини.

Има недостаток на клиниката за кожни болести, за тешки случаи на псоријаза. На хематологија има комплетна покриеност, дефектурите што се случуваат на онкологија, има замени за тие лекови. Стегањето на процесот значи дека нема сите пациенти да добијат лек, не зашто нема лек, току затоа што тој лек не одговара на нивниот стадиум на болест, вели Клековски.

01.06.2025 - 12:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега