Николоски: Одговорност за злоупотребата на тајните служби е предуслов за демократија

Одговорност и процесуирање на одговорните за злоупотреба на тајните служби како предуслов за демократија во Македонија!, напиша на својот фб профил потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт, Александар Николоски.
Во опозиционите денови искажувавме сомнежи дека сме следени од тајните служби кои беа злоупотребувани од власта на СДСМ и ДУИ, а со нив и Стево Пендаровски, истакна Николоски.
„Имавме сомнеж дека Агенцијата за разузнавање пишува клеветнички лажни извештаи до западните партнери и сојузници, а АНБ следела и прислушувала.
Тоа беше начин за политичка дискредитација кој не им успеа! Промените се случија на минатогодишните избори, а со тоа и патот кон расчистување во тајните служби и одговорност за оние кои ги злоупотребуваа!
Повикувам
Обвинителството ова да го истражи и одговорните да бидат процесуирани. Доста е од злоупотреби на тајните служби!!!“, нагласи Николоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа