Коалиција „Вреди“ : Носиме промени со имиња што го прават секој граѓанин горд

 

Во време кога на земјата ѝ се потребни професионализам, посветеност и вистинскo претставување повеќе од кога било, ВЛЕН го презема следниот храбар и визионерски чекор: назначување на двајца од најподготвените и најпочитуваните кадри на нашето општество на клучни позиции, проф. д-р Азир Алиу, министер за здравство, и Албрим Хоџа, заменик-министер за земјоделство. Ова го велат денеска од партијата ВРЕДИ.

- Професорот Азир Алиу, неоспорна личност во областа на технологијата, иновациите и високото образование, ќе го води Министерството за здравство со јасен приоритет: дигитализација на здравствениот систем за модерна и ефикасна услуга за граѓаните. Во исто време, Албрим Хоџа, моќен глас на терен, со длабоко искуство во новинарството, руралната политика и проектите за развој на земјоделството, ја презема улогата на заменик-министер за земјоделство со непоколеблива мисија: безрезервна поддршка на земјоделците и селото. Назначувањето на овие двајца кадри јасно покажува дека ВЛЕН не прави компромис кога станува збор за квалитет и претставување. Знаеме дека граѓаните заслужуваат повеќе, а со овие луѓе во институциите, ќе имаат повеќе! ВЛЕН гради држава со знаење, храброст и правда, за народот, со народот!, велат од партијата.

09.06.2025 - 09:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега