Приведена бегалка од затвор, вратена е во КПУ Идризово

 

Полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија вчера во 21.10 часот во Гевгелија ја лишиле од слобода Д.Џ.Б.(46) од истиот град.

Како што соопшти МВР таа била барана по потерница поради бегство од Казнено - поправната установа Затвор Идризово, каде издржувала казна затвор од три години и шест месеци за сторени кривични дела „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а имала за доиздржување уште две години и пет месеци.

Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, информира МВР.

21.06.2025 - 13:48

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега