Кога ќе падне првиот снег во Скопје

Ако сте од оние кои сакаат снег, тогаш подобро е оваа зима да заминете на некоја планина, бидејќи во котлините снег или нема да има воопшто или ќе заврне некоја помала количина која воопшто нема да ја покрие земјата.

Ако може да се верува на долгорочните прогнози, втората половина на ноември ќе биде очекувано постудена, но не многу студена за да се создадат услови за врнежи од снег. Општо и врнежи нема да има многу, како што се очекува за овој период од годината. По влажниот бран овој викенд, сличен се очекува и наредниот но со нешто пониски температури. До крајот на ноември ќе имаме благи минуси наутро во котлините а дневните температури, дури кон крајот на ноември ќе се спуштат под 10 степени.
Во последните денови од месецов, ќе се создадат услови за снег во раните утрински часови, но дневните температури над 5 степени нема да дозволат тој да се задржи.
Од аспект на врнежи и декември нема да се разликува многу. Повлажен ќе биде почетокот и крајот на месецот кога е можно да видиме и малку снег.
Нешто постуден период се очекува да биде во последните десетина дена од годината кога ќе имаме утрински температури од минус 6 степени и дневни нешто над нулата.

10.11.2023 - 12:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега