Кокаин скриен во банани- Во Драч запленети се 6,5 килограми кокаин

Во албанското пристаниште Драч, во контејнер со јужно овошје натоварен во Еквадор, откриени и запленети се 6,5 килограми кокаин.

Од полицијата соопштуваат дека била извршена детална контрола во 10 контејнери на компанијата „Алба егзотично овошје“(Alba Exotic Fruit) каде, како резултат на деталната контрола, во еден од контејнерите биле пронајдена и запленета дрогата, пакувана во неколку пакетчиња.

Во контејнер со банани за истата компанија на 13. месецов беа откриени над 11,6 килограм кокаин. Тогаш беше уапсен менаџерот на компанијата Бајрам Гумени, додека по сопственикот Едуарт Даути се трага.

Даути, тогаш за албанските медуми изјави дека со семејството се наоѓа во Франција, дека нема никаква поврзаност со тоа  и оти веднаш ќе се врати во Тирана за да ја потврди својата невиност.

– Не сум одговорен за тоа што е ставено во контејнерот по пат. Албанските шверцери ја користат мојата стока за транспорт на нивната дрога, изјави тој.

Според медиумите, ова е третпат оваа компанија да ја користат шверцерите со кокаин од Еквадор во Албанија.

24.07.2021 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа