Комисии на ВМРО-ДПМНЕ: Ристо Пенов е човекот кој го распродаде целиот имот со кој располагаше градот
СДС го допреа дното со поставување на стар и истрошен транзиционен лик како Ристо Пенов за министер за локална самоуправа, велат Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ во статус објавен на Фејсбук, откако денеска од Владата информираа дека ќе ја испратат во Собранието номинацијата на Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа, откако претходно ја прати и оставката од таа функција на неговиот сопартиец од ЛДП – Горан Милевски.
„Во екот на најголемата светска економска и енергетска криза во последниве неколку декади, во време на несигурност и сериозни предизвици, СДС ја „почести“ македонската јавност со уште еден скандал, овој пат во вид на името на новиот министер за локална самоуправа во лицето Ристо Пенов, поранешен градоначалник на Град Скопје.
Навистина не знаеме на што да сме позачудени, дали во изборот на овој стар транзициски истрошен кадар, или пак на смешните обиди на дел од провладините портали кои се обидоа да го величат ликот и делото на Пенов. Во овие смешни текстови, кои симултано се појавија на повеќе портали, тие Ристо Пенов го карекреризираат како успешен градоначалник, со измислена титула на „татко на современата функционалност на Скопје“, за понатаму да наведат 3-4 проекти по кој (според нив) придонесле за развојот на Скопје.
За жал, по којзнае кој пат, СДС и нивните сателитски приклучени партии, целосно ја потценија интелигенцијата на народот, со овој евтин обид за манипулирање на фактите со цел измена на историјата, нешто за што СДС станаа експерти.
Во овие смешни пофални текстови, за Ристо Пенов, човек кој беше градоначалник на Скопје во 2 мандати и во траење од 9 години (1996-2005), поради неговата добро позната за скопјани неспособност, едвај успеаја да набројат грст проекти по кој бил пофален“, се наведува во реакцијата на опозициските комисии.
„Меѓу нив, со целата дрскост ја набројуваат и изградбата на плоштадот Македонија во негово време. За мало потсетување, реконструкцијата на плоштадот Македонија, за која сега го фалат Пенов, беше проект кој беше следен со многу контроверзии и криминали, каде стариот плоштад се уништи и замени со прескапите босански плочки кој засекогаш го сменија изгледот на Скопје.
Вториот проект со кој во овие текстови го фалат е и изградбата на улицата Водњанска, проект кој до ден денес е симбол за неспособноста на Ристо Пенов. Булевар кој завршува во приватен дом и ја прави една од најтесните грла во Скопје, место каде скопјани секој ден се сведоци на километри колони со возила и метеж“, се додава во нивната реакција.
Целосната рекација на Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ, може да ја прочитате во продолжение.
10.10.2022 - 11:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа