Костадинов:Треба да се даде шанса на разговорите и конечно да се изнајде можно решение со Бугарија

Потпаролот на СДСМ на прашање како ги коментирате изјавите на Каракачанов кој вчеравечер па и утринава излезе со исклучително тврди ставови од типот дека сме вештачка творба, дека сме коминтеровска творба, дека сме дијалект бугарски и така натаму, Котадин Костадинов вели дека за нашиот јазик и идентитет не преговарамњ.

-Секако дека таквите изјави ги отфрламе најсериозно и најодговорно. Нашите позиции во однос на разговорите се сосема јасни, дека ние за нашиот идентитет и за нашиот јазик македонски, не преговараме. Во овие ситуации исклучително е важно и од наша страна и од бугарска страна да владее разумот и да владеат европски манири, нешто за коешто стремиме и двете држави. Јас сум сигурен дека по пат на разговор со здрав разум треба да се даде шанса на разговорите и конечно да се изнајде можно решение, рече Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.11.2020 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега