Костовски: Се откажуваме од комодитетот - општинската зграда ќе биде нова поликлиника во Бутел

Поминува времето на лажните ветувања, поминува времето на лажните градоначалници, истакна денеска кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначаланик на општина Бутел, Дарко Костовски.

Според него, бутелчани во последните четири години неколку пати биле сурово прелажани. Вели дека најголемата лага било тоа дека Бутел ќе добие модерна поликлиника.

-Оваа лага, пред скоро време за жал прерасна и во понижување на сите луѓе кои живеат во оваа Општина, бидејки наместо најавената модерна поликлиника добивме пластични трафики кои покрај сите мани, се и докажано небезбедни. Имајки во предвид дека станува збор за најгорливото прашање за бутелчани, јас заедно со мојот тим сакајќи искрено да помогнеме, темелно размислувавме на оваа тема и ја донесовме следнава одлука: Врвен приоритет ќе ни биде изградба на нова модерна поликлиника во нашата општина, но се до тогаш, додека не се изгради новата поликлиника, уште во првиот месец од кога ќе ја добијам вашата доверба и станам градоначалник на Општина Бутел, јас ќе ја понудам општинската зграда да биде достојна поликлиника за моите пријатели, познацини, за моите бутелчани. Јас лично но и мојот тим ќе се откажеме од комодитетот само за да излажаните и понижени граѓани на Општина Бутел се почувствуваат достоинствено и конечно добијат нова модерна зграда за своја поликлиника, место каде што конечно на современ начин ќе се грижат за своето, но, и за здеавјето на своите најмили, рече Костовски.

Вели жителите на Бутел му се на прво место.

-Не ми треба убава општинска зграда кога граѓаните немаат каде достоинствено да се грижат за најважното, за своето здравје. Граѓаните ми се на прво место, и тоа ќе го докажам не само со овој пример туку со многу примери во низа од како ќе ја добијам вашата доверба. Градоначалникот е слуга на граѓаните, а не обратно. Општинската администрација ќе се префрли на некое поскромно место, имаме во план неколку солуции но сеуште не сме донеле одлука. Како и да е јас лично ви гарантирам неколку пати поуспешна, побрза, поотворена и најважно многу потранспарентна администрација за разлика од овој башибозук кој моментално се царува во општинската зграда. За успешна општина не ни треба голема, комотна зграда, за успешна општина ни треба мотив, искреност, чеснот и многу многу труд, рече Костовски.

28.09.2021 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа