Костовски: Заев очајно лаже и се фали со слики од проекти од други држави, како да ги изградил во Македонија

Зоран Заев очајно лаже и се фали со слики од проекти во други држави, дека ги изградил во Македонија, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев камен на камен нема изградено во периодот од повеќе од три години колку што е власт. Државата буквално стагнираше изминативе години со него и СДСМ. Сликите од инфраструктурните проекти со кои Зоран Заев се фали на својот профил на фејсбук се најбрутална лага. Зоран Заев лаже и затоа треба да им се извини на граѓаните. Зоран Заев лаже за проектите кои не ги направил како што лаже и за пакетот мерки за граѓаните и стопанството, со кој на никој не помага. Македонија е во полн ек на криза, а државата освен што се задолжува и ништо друго не прави. Зоран Заев лаже за проектите кои не ги направил како што лаже дека сме ја победиле и короната, а само два дена потоа се соочивме со најголемиот пик од почетокот на пандемијата, вели Костовски.

Тој додава дека се што кажа Заев излажа. Заев треба да се извини и за лагата, но и за неговата неработа, како и за криминалот, корупцијата и сиромаштијата во кои ја потонаа Македонија. СДСМ веќе не знае во која насока ја движи државата. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добиваме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2020 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега