Ковачевски: Договорите кои денес ги потпишуваме на „Отворен Балкан“ се влог во иднината

Договорите кои денес ги потпишуваме се влог во иднината, зајакнување на економската соработка и односите меѓу народите на Балканот. Компаниите и граѓаните на земјите од регионот добиваат олеснети услови за движење, работа и трговија по примерот на европските земји. Верувам дека оваа иницијатива ќе се проширува, зацврстува и ќе придонесе кон економски стабилен и развиен Балкан, напиша на Фејсбук новиот претседател на СДСМ и најверојатно иден мандатар, Димитар Ковачевски.
„На денешниот Самит на иницијативата „Отворен Балкан“ се потпишуваат повеќе мултилатерални и билатерални договори:
- Договор за условите за слободен пристап до пазарот на трудот на Западен Балкан.
- Договор за интерконекција за електронска идентификација на граѓаните.
- Договор за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и фитосанитарната политика.
- Договори за признавање на одобренијата за Овластен економски оператор за безбедност и сигурност“, напиша Ковачевски.

21.12.2021 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега