Ковачевски-Фон дер Лаjен: Силна натамошна поддршка од Европската Комисија за членството на Северна Македонија во ЕУ

Премиерот Ковачевски ја потенцираше заложбата на Владата за исполнување на реформите во клучните поглавја од пристапниот процес во ЕУ. Притоа, Ковачевски се заблагодари за поддршката од Европската Комисија и партнерскиот однос во секоја фаза од процесот.
Ковачевски доби уверување од Фон дер Лајен, дека ЕУ останува да биде пријател и партнер на Северна Македонија и дава силна поддршка на постигнувањето политички консензус за уставните измени, во корист на земјата и регионот.
Двајцата соговорници ја потврдија посветеноста и ангажманот на Европската Унија за интеграција на земјите од Западен Балкан, истакнувајќи дека со тоа позитивно се влијае врз политички процеси и реформската агенда, стабилноста, безбедноста и економскиот просперитет на нашите општества.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа